Дома Фудбал Англија „Олд Трафорд“ ќе почека, исполнета желбата на Мурињо

„Олд Трафорд“ ќе почека, исполнета желбата на Мурињо

Раководството на Манчестер Јунајтед го одложија почетокот на реновирањето на стадионот „Олд Трафорд“ и тоа поради менаџерот Жозе Мурињо.

Се очекуваше работата на стадионот наскоро да започне, но менаџерот на „црвените ѓаволи“ побарал финансиски средства за нови засилувања, па раководството на клубот одлучи дека тимот сепак е поважен и средствата за нови играчи на Португалецот ќе му бидат одобрени.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Од доаѓањето на „Олд Трафорд“ Мурињо потроши 300 милиони фунти. Меѓутоа тој сака дополнително да го засили тимот и има за цел да доведе еден централен играч за врска и десен бек.

Клубот одлучи да му излезе во пресрет, па реновирањето на „Олд Трафорд“ ќе мора да почека бидејќи секако резултатите се многу поважни.

Со Јунајтед веќе сега се поврзуваат големи имиња на европскиот фудбал, а кој ќе го облече дресот на клубот од „Театарот на соништата“ ќе видиме во текот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мегваер пред сензационален трансфер: Подготвени се да му дадат огромна плата

Хари Мегваер во почетокот на 2025 година би можел да започне ново поглавје во својата кари…