Дома Македонски спорт Од Островот порачуваат: Дајте ни го ЕП да го организираме, ние сме спремни!

Од Островот порачуваат: Дајте ни го ЕП да го организираме, ние сме спремни!

Изгледа дека шансите Европското првенство да се одигра само во Велика Биртанија.

Главната причина е вакцинацијата, за викендот бројката од вакцинирани во Британија надмина 20.000.000. Премиерот Борис Џонсон е еуфоричен и убеден дека во земјата брзо ќе завршат мерките.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Засега УЕФА стои на ставот Европското првенство да се игра во 12 земји, сепак тоа би можело да се промени. Од Британија порачаа дека тие се спремни, а се шпекулира и дека Чеферин нема ништо против ако ситуацијата со короната не се смири.

„Ние секако сме домаќинји на ЕП. Домаќини сме на полуфиналето и финалето. Ако сакаат може да го организираме цело првенство, ние сме за“, јасно порача премиот Џонсон.

Ваквата информација е лоша вест за македонските фанови (секако доколку има публика) затоа што според првичниот план Македонија треба да игра два натпревари во Букурешт и еден во Амстердам. Букурешт секако е дестинација до која полесно може да се дојде од Британија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Маракана“ грми по дебаклот од Англија: Пикси, оди си (Видео)

Навивачите на Србија не се среќни по дебаклот од Англија среде „Маракана“ во Белград, пора…