Дома Фудбал Италија Од Лацио порачуваат: Владата во Италија не може да ја прекине Серија А, слушаат ли што зборуваат ФИФА и УЕФА?

Од Лацио порачуваат: Владата во Италија не може да ја прекине Серија А, слушаат ли што зборуваат ФИФА и УЕФА?

Повеќето клубови во Италија ќе продолжат со тренинзи оваа недела по скоро двомесечен прекин поради пандемија на коронавирус.

Италијанската влада денес донесе одлука да ги олесни мерките откако значително се подобри состојбата со пандемијата. На клубовите им беше дадена дозвола да им овозможат на играчите да тренираат индивидуално во тренинг центри и полека да се подготват за продолжување на сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, владата во Апенините сè уште не сака да даде зелено светло за да се продолжи сезоната и се појавуваат шпекулации дека натпреварите може да не продолжат.

Сепак, италијанските клубови вршат огромен притисок сезоната да продолжи, бидејќи е јасно дека ќе биде во огромна финансиска загуба доколку не се случи тоа. Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, исто така изјави денеска дека владата едноставно не може да го запре фудбалот во оваа земја.

“Слушнав дека може да ја прекинат лигата оваа недела. Но, ова не е област каде владата треба да донесе одлуки. ФИФА и УЕФА јасно ставија до знаење дека првенствата мора да продолжат. Можеме да продолжиме во јуни ако е потребно и да играме до септември ако е потребно. Клубовите сакаат сезоната да продолжи и надлежните треба да го почитуваат тоа. Ние бевме првиот клуб што ги прекинавме активностите поради пандемија и никој од играчите не го напушти Рим. Сите ги почитуваа правилата и не знам зошто не третираат на тој начин. Сите се среќни што може да тренираат и сите не можеме да дочекаме да се продолжи сезоната “, рече Таре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…