Дома Фудбал Останато Од една друга перспектива: Колку е смешен надимакот „Габигол“ говори статистиката

Од една друга перспектива: Колку е смешен надимакот „Габигол“ говори статистиката

Габриел Жезус и Габријел Габигол Барбоса. Своевремено сите светски медиуми за нив пишуваа како за најдоби фудбалери кои произлегле од познатата бразилска школа на ултранапаѓчки фудбал.

Неколку години подоцна, Габриел Жезус блеска во никогаш посилниот Манчестер Сити, а Габигол... Тој уште еднаш ги пакува куферите и е подготвен за кам бек во Милано, бидејќи по Интер го прецрта и Бенфика.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доволни беа само два месеци. Габигол, за потсетување, стигна во последниот ден од летниот преоден рок. Договорот беше следен: милион и 700 илјади за едногодишна позајмица, плус 25 милиони ако лисабонските „Орли“ на крајот од сезоната проценат дека би било паметно да го откупат неговиот договор од „Нероаѕурите“.

Но, два месеци подоцна Интер ќе го добие назад играчот кој во Италија пристигна во 2016. година. Го платија 30 милиони евра, а за возврат добија 183 минути, а од тие само 111 во Серија А. А и само еден единствен гол.

За Бенфика тој одигра 148 минути, но 26 во Примера и Лигата на шампионите, додека останатото го собираше од куп натпреварите. Исто така- еден гол.

Во Лисабон се разочарани, па веќе одлучија во јануари да го вратат во Милано и да платат што се должни само да не го гледаат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…