Дома Фудбал Ова е првиот фудбалер за кој се знае дека ја напуштa Барселона ова лето

Ова е првиот фудбалер за кој се знае дека ја напуштa Барселона ова лето

Маркос Алонсо ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната, најави Фабрицио Романо, најсигурниот новинар кога се трансферите во прашање.

Романо наведува дека Алонсо и Барселона се разделуваат во одлични односи. Алонсо пред две години пристигна во Барселона како слободен играч, а оваа сезона е во втор план и на теренот мина само 299 минути.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вкупно, 33-годишниот дефанзивец одигра 44 натпревари за Барселона, последниот во октомври минатата година. Пред него своја шанса добиваат Алехандро Балде и Жоао Кансело.

Заедно со Алонсо клубот би можел да го напушти и Серхи Роберто. Романо пренесува дека заминувањето на Роберто зависи од иднината на Чави на клупата на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…