Дома Фудбал Англија Објавен распоредот во Премиер лигата: Сезоната завршува со дербито во Манчестер!

Објавен распоредот во Премиер лигата: Сезоната завршува со дербито во Манчестер!

Премиер лигата ќе продолжи на 17. јуни после паузата поради пандемијата со коронавирусот, а првенството ќе заврши на 2. јули.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


До крајот преостануваат 92 натпревари. Првиот натпревар го играат Астон Вила и Шефилд Јунајтед на 17 јуни, а истата вечер играат Манчестер Сити и Арсенал. Во петок 19. јуни ќе се сретнат Норвич и Саутемптон, како и Тотенхем – Манчестер Јунајтед.

Дербито помеѓу Евертон и Ливерпул се игра во недела 21. јуни, а до крајот на првенството важни натпревари ќе одиграат Челзи – Манчестер (25. јуни) и Манчестер Сити – Ливерпул (2. јули).

Ќе потсетиме освојувачот на титулата не би требало да би доведен во прашање затоа што на Ливерпул потребни му се само уште две победи за и официјално да стане шампион на Англија, титула на која чека 30 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Mурињо „отпишал“ тројца фудбалери на Реал, еден не сака да слушне да замине!

Жозе Мурињо ги „отпиша“ Фран Гарсија, Раул Асенсио и Едуардо Камавинга, но последниот не с…