Поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес е уапсен на аеродромот во Мадрид веднаш по пристигнувањето.
По поранешниот прв човек на шпанскиот фудбал беше распишана потерница откако на 21. март се изрши рација во Шпанската фудбалска федерација.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Рубиалес порача дека е подготвен да се појави пред истражните органи и да одговори на сите прашања.
Денеска тој пристигна во Мадрид, а штом слетал, во авионот влегле агенти полицијата, кои го известиле Рубиалес за неговото обвинение, по што е уапсен.
Да потсетиме, Рубиалес беше исфрлен од фудбалот откако предизвика скандал на доделувањето на титулата светски шампион на женската репрезентација на Шпанија, кога ја бакна во уста шпанската фудбалерка Џени Хермосо.
Рубиалес е обвинет за неправилности во договорот со Суперкупот во Саудиска Арабија, но и со работите на стадионот Ла Картуха во Севиља.
🔴 EXCLUSIVA laSexta | Las imágenes del momento en el que la Guardia Civil se lleva a Luis Rubiales tras su llegada a Madrid pic.twitter.com/IdFEiSQAke
— laSexta (@laSextaTV) April 3, 2024