Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо се наоѓа во затвор откако со лажни документи влезе во Парагвај.
Роналдињо и неговиот брат Роберто се наоѓаат во парагвајскиот затвор Асунсион и го чекаат судењето. Тие се обвинети дека со лажни пасоши влегле во Парагвај и се ставени во притвор откако судот процени дека можат да ја напуштат земјата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе се појавија првите фотографии од легендарниот играч на Барселона. Парагвајските медиуми пишуваат дека Роналдињо е добро расположен, како и дека поголемиот дел од времето го минува во дворот на затворот.
Исто така веќе запознал многу затвореници на кои сега во негово друштво сигурно деновите побрзо им минуваат. Објавени се и две нови фотографии од Роналдињо.
Инаку денес се појави вест дека Меси ангажирал адвокати и е спремен да плати колку што е потребно за да го извади својот идол од затвор.