Дома Останати Ракомет Норвешка ја победи Словенија и закажа полуфинале со Хрватска

Норвешка ја победи Словенија и закажа полуфинале со Хрватска

Ракометарите на Норвешка вечерва ја победија Словенија со 33:30 и така го обезбедија првото место во групата.

Норвешка и Словенија имаа директен дуел за првото место во групата, а на крајот Норвежаните успеаа да слават. Тоа значи дека Норвешка ќе игра против Хрватска, додека Словенија ќе оди на дуел со Шпанија.

Словенците добро се држеа во првото полувреме и изгледаше дека ова ќе биде еден неизвесен натпревар. После првите 30 минути, Норвежаните водеа со 14:13.

Но во продолжение од натпреварот Норвешка успеа да направи посериозна предност. Овој тим имаше пет голови предност, но во финишот ги искомплицира работите. Словенија дојде на 30:29. Сепак до крајот Норвешка не ја испушти предноста, ги казни грешките на Словенците и дојде до победа од 33:30.

Полуфунални двојки:

Норвешка – Хрватска

Словенија – Шпанија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар ги пушти во продажба билетите за враќањето во Лигата на шампионите!

Вардар по четири години повторно ќе ги пречека најдобрите европски екипи пред своите навив…