Дома Фудбал Нова хит ситуација: Фудбалер како награда за најдобар на натпреварот доби – печено прасе! (Видео)

Нова хит ситуација: Фудбалер како награда за најдобар на натпреварот доби – печено прасе! (Видео)

Норвешката лига и клубот Брин повторно се во центарот на вниманието.

На почетокот на шампионатот, и покрај поразот од Бодо Глимт, за играч на натпреварот беше прогласен голманот на Брин Јан де Бур, кој како награда доби поголемо количество јајца.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Овој пат работите отидоа уште подалеку.

Брин победи во првото коло од Купот во дуелот против петтолигашот Вархуга со резултат 4:0.

Очекувано, играч на натпреварот беше стрелецот на три голови Хин Асе Ларсен, кој за својот труд на теренот доби и награда со тежина од 23 килограми.

Печено прасе!

Клубот во кој Ерлинг Халанд ја започна кариерата се врати во првата лига на тамошниот фудбал по 23 години. Во лигата не започна добро, доживеаја два порази, но Купот го отворија на најдобар можен начин.

Фото: Пртинскрин
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oткриен говорот на Модриќ: Еве што им кажал на соиграчите пред натпреварот вечерва

И покрај обидите играчите да останат мирни и фокусирани единствено на натпреварот против Б…