Дома Останати Авто Мото Нов херој од Италија: Поранешниот шеф на Ферари седнал зад воланот и возел брза помош!

Нов херој од Италија: Поранешниот шеф на Ферари седнал зад воланот и возел брза помош!

Поради коронавирусот спортот е стопиран, а во ваква ситуација кога светот се бори со вирусот се појавуваат и некои херои, еден од нив е поранешниот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене.

Аривабене е во ризичната група со 63 години, меѓутоа се решил да помогне на својот народ во овие тешки денови. Тој помогнал на начинот кој најдобро го знае, развозувал болни лица од Ковид-19 со брза помош низ италијанските клиники.

Тој е роден во Бреша место кое покрај Бергамо е едно од најпогодените во Ломбардија, па затоа и не размислувал многу да помогне.

„Никој не му кажа што треба да прави, кога се појави бурата од вирусот, тој седна зад воланот и развозуваше болни, стана возач. Неговиот карактер е таков, не можеше да остане дома, сам се пријави и почна да пренесува луѓе болни од новиот вирус“, раскажал пријател на Аривабене.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Конор: Јас сум ГОАТ; Кабиб: Да, ама на Твитер!

Поранешниот двоен шампион на УФЦ, Конор Мекгрегор, реши да се приклучи на темата кој е нај…