Дома Трансфер зона Нови информации за Дибала: Дали навистина преговара со Интер?

Нови информации за Дибала: Дали навистина преговара со Интер?

Во Италија од вчера актуелна е веста дека аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала добил понуда од Интер и на лето би можел да направи „земјотрес“ на „чизмата“ со трансферот во големиот ривал. Сепак, последните информации се поинакви.

Поранешниот фудбалер на Палермо има договор со Јувентус до крајот на сезоната што значи дека уште сега слободно може да преговара со заинтересираните клубови. Во претходните недели имаше информации дека Дибала постигнал договор годишна плата од осум милиони евра по сезона, плус бонуси со што Аргентинецот би стигнал до посакуваните 10.

Бидејќи официјализирањето на соработката не стигнуваше се поставуваше прашањето дали договорот пропаднал.

Според информациите на Ромео Агрести, новинар на „Goal.com“ и човек кој важи за близок до Јувентус се е на сила како и во октомври, само потпишувањето на договорот е поместено за февруари.

Сега ако веруваме на неговите информации Дибала и од лето ќе остане член на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Завршен е трансфер на Ериксен во Премиер лигата!

Кристијан Ериксен повторно ќе играм фудбал и тоа во Премиер лигата. Најголемите островски …