По новиот кикс на Реал Мадрид против Виљареал шпанските медиуми пренесуваат дека Флорентино Перез конечно е спремен да го направи она што фудбалската јавност го очекува веќе подолго време, а тоа е отказ на Зинедин Зидан.
„Кралевите“ беа поразени од Виљареал на „Бернабеу“ со 1:0, а тоа за овој клуб беше и втор пораз во низа на домашен терен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Да потсетиме, Зидан со Реал во последните две сезони освои две титули во Лигата на шампионите и шпанското првенство, прво после 2012 година. Меѓутоа оваа сезона гигантот од Мадрид игра во навистина лоша форма.
Во Лигата на шампионите беа второпласирани и ги чека тежок натпревар против ПСЖ, додека во домашното првенство, Барселона која е лидер има огромна предност од 16 бодови и практично може да се каже дека веќе сега се простија од титулата.
Поради оваа ситуација и последниот кикс на Зидан, како што дознаваат шпанските медиуми Французинот го контактирал селекторот на светскиот шампион, Германија, Јоаким Лев.
Според информациите, Перез имал разговор со Лев и има неговиот план е да го доведе на лето, иако Лев претходно ќе мора да го одработи Светското првенство со Германија.
Како и да е се повеќе станува јасно дека Зидан наскоро ќе биде „бивши“…