Дома Фудбал Останато Новинар го налути Халер: Дали ова прашање би го поставиле на европски играч пред Европско првенство?

Новинар го налути Халер: Дали ова прашање би го поставиле на европски играч пред Европско првенство?

Oвие денови на големо се пишува за Афричкиот куп на Нации и се поставува прашањето дали клубовите треба да ги пуштат своите клубови да одат на ова натпреварување.

Афричкиот Куп на Нации се игра од 9. јануари до 6. февруари поради што некои клубови во тој период ќе бидат без своите најдобри фудбалери. Така имаше и критики до организаторите дека нема смисла ова натпреварување да се игра во сред сезона.

Дел од Афричкиот Куп на Нации ќе биде и еден од најдобрите играчи на Ајакс, напаѓачот Себастијан Халер кој во досегашниот дел од сезоната на 24 натпревари постигна 22 гола.

Халер доби повик од селекторот на Брегот на Слоновата Коска, а еден од новинарите му постави прашање дали ќе одговори на повикот и ќе игра на турнирот.

„Тоа прашање е непочитување кон Африка. Дали би поставиле вакво прашање на некој европски играчи пред почетокот на Европското првенство? Секако дека ќе играм на Афричкиот куп на Нации“, изјави Халер.

Халер за Брегот на Слоновата Коска дебитираше пред една година и успеа да запише осум настапи и да постигне три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид е новиот европски шампион!

Реал Мадрид вечерва во Париз стигна до 14-тата титула европски шампион. Победата ја донесе…