Дома Фудбал Останато Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во непријатна ситуација по коментарите на новинарот Јулијан Рајхелт, а сето тоа поради фотографијата што ја објави на социјалните мрежи.

На 11 март, германскиот интернационалец објави фотографија на Инстаграм за да им го честита Рамазан на муслиманите ширум светот, но две недели подоцна, новинарот Рајхелт се обиде да го прикаже Рудигер во негативен контекст.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Рајхелт кој е поранешен главен уредник на порталот „Билд“ го обвини Рудигер дека гестикулирал на начин поврзан со Исламската држава, односно радикален исламизам.

Фудбалерот исто како и Германскиот фудбалски сојуз реагираше со соопштение во кое целосно се огради од секакво поврзување со екстремистичка организација, а поради обвинувањата поднесе и тужба противв Рејхелт.

„Сликата беше јасно видлива на мојот Инстаграм профил цели 13 дена и предизвика милиони реакции во кои никој не ме критикуваше. Сепак, во последните денови некои изнесоа сосема неосновани обвинувања. Гестот што може да се види на сликата се нарекува тевхид и е симбол на единството со Бог во исламот. Овој гест е широко распространет меѓу муслиманите, па дури и германското Министерство за внатрешни работи официјално го призна како целосно непроблематичен. Како посветен муслиман, ја почитувам мојата вера, но исто така јасно се дистанцирам од какви било обвинувања за екстремизам и исламизам. Насилството и тероризмот за мене се целосно неприфатливи. Се залагам за мир и толеранција“, се вели во официјалното соопштение на Антонио Рудигер.

Тврдењата на Рајхелт беа отфрлени и од германската полиција.

„Гестот на Рудигер претставува израз на вера и не е проблематичен за јавната безбедност, без разлика што исламистичките групи го злоупотребуваат овој симбол за свои цели“, соопшти германската полиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…