„Росонерите“ се спремни да тргнат во акција.
Екипата на Милан има намера да се засили во овој преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера се појави вест дека во нападот може да пристигне поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Јаник Караско кој денес настапува во Кина, но „росонерите“ размислуваат и за засилување во нападот.
Првата мета наводно е Николо Барела, фудбалерот на Каљари е следен и од клубови надвор од Апенините, па Милан доколку е сериозен би морал брзо да превземе конкретни чекори.
https://www.youtube.com/watch?v=ovaYSEoHSS4
Нема време да се чека летото, па Леонардо сака Барела да го види во Милано веќе овој месец.
Втората мета е играчот на Фулам, Стефан Јохансен кој оваа сезона нема голема минутажа во Премиер лигата и Англичаните сигурно би биле расположени да преговараат.