По се што се пишуваше во медиумите од кога Нејмар пристигна во ПСЖ можеше да се заклучи дека Бразилецот е во одлични односи со првиот човек на клубот Насер Ал Келаифи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа нивниот однос сега наиде на вистински тест. Тензии се подигнале помеѓу Нејмар и Ал Келаифи и тоа поради Дани Алвес.
Нејмар со поддршка од Томас Тухел, наводно започнал разговор со Ал Келаифи за нов договор.
Договорот на искусниот бек со ПСЖ истекува во јуни, а Парижаните наводно му понудиле едногодишен договор во кој примањата ќе му зависат од бројот на одиграни натпревари.
Алвес одбил таков договор и заканил со заминување после завршувањето на сезоната.
Нејмар наводно барал од Ал Келаифи да го задржи Алвес во клубот бидејќи подобро се чуствува во Париз кога неговиот пријател е тука. Тухел исто така застанал на страна на 35 годишниот Бразилец и на управата на на клубот им порачал дека Алвес е важен дел од тимот.