Дома Фудбал Останато Нејмар бил ужасен на крајот во ПСЖ: Сите бевме во шок!

Нејмар бил ужасен на крајот во ПСЖ: Сите бевме во шок!

По шест години играње за Пари Сен Жермен, Нејмар го напушти ПСЖ и се пресели во Ал Хилал во трансфер вреден 90 милиони евра. Неименуван извор зборувајќи за „Франс Фудбал“ откри дека бразилскиот напаѓач немал добри односи во клубот со многумина и дека немал мотивација да игра за клубот на секој натпревар.

И покрај импресивната статистика од 118 голови и 77 асистенции на 173 натпревари за парискиот тим, Нејмар пропушти многу натпребари поради повреди. Бразилецот посебно замерил што Мбапе пред него станал заштитно лице на клубот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


“На Мбапе му се допадна на почетокот, но изгуби почит откако почна да поминува време со него секој ден. Нејмар, како и Лионел Меси, беа лути што Килијан стана симбол на клубот. Нејмар не остави впечаток дека го почитува клубот, иако го разбирал францускиот јазик, никогаш не се потрудил да го зборува.

“Остави впечаток дека му е доста од фудбалот и дека му е доста од пари. Веќе не беше гладен за успех. Беше мотивиран да игра за репрезентацијата, но не и да игра за ПСЖ“.

Во разговорот изворот открива и дека имал проблeми со соиграчите.

“Го грабна Гарби и сакаше да го клоца додека лежеше. Сите беа во шок. На крајот од неговиот мандат во ПСЖ не беше добар. Исто така имаше проблеми и со Витиња кој не сакаше да му возвраќа бидејќи е добро момче“, открива изворот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола: Дури и да го исфрлат Сити од Премиер лигата, јас ќе останам

Пеп Гвардиола вчера стави потпис на нов договор со Манчестер Сити и ќе остане на „Етихад“ …