Дома Фудбал Англија Нешто големо се спрема: Сопственикот на Јунајтед се сретна со принцот на Саудиска Арабија!

Нешто големо се спрема: Сопственикот на Јунајтед се сретна со принцот на Саудиска Арабија!

Еден од сопствениците на Манчестер Јунајтед, Аврам Глејзер се сретна со престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Уште пред еден месец се појави информација дека принцот има интерес да го купи Манчестер Јунајтед и да направи сериозна инвестиција во клубот.

Според некои медиуми на Островит тој е спремен да плати 4 милијарди фунти за да ја презеде целосната сопственост на Манчестер Јунајетд. Сегашните сопственици, семејството Глејзер ја отфрлија таквата информација, но се уште шпекулациите не стивнуваат.

Аврам Глејзер во моментов се наоѓа во Блискиот Исток, па посетата ја искористил да се сретне со Мохамед бин Салман, а на средбата присуствувал и финансискиот директор Ричард Арнолд.

Доколку навистина дојде до промена на сопственоста, тогаш конкуренцијата на меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе стане уште поинтересна бидејќи двата клува ќе бидат во арапска сопственост.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спиеше во автомобил пред тренинг, а сега вреди 140 милиони евра

Поранешниот тренер на ѕвездата на Баерн, Михаел Олесе (24), сподели интересна приказна за …