Дома Фудбал Италија Неста се врати дома: Легендата седна на кормилото на Перуџа!

Неста се врати дома: Легендата седна на кормилото на Перуџа!

Еден од најдобрите дефанзивци во историјата, легендарниот Алесандро Неста денес беше именуван за нов тренер на Перуџа.

Неста по завршувањето на фудбалската започна тренерска кариера и беше тренер на Мајами, а ова ќе биде негов прв ангажман во Италија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Перуџа го отпушти тренерот Бреда, па Неста денес го одработи првиот тренинг со тимот.

Перуџа моментално се наоѓа на 8-то место во Серија Б и ќе игра плеј-оф за влез во Серија А, па Неста веднаш ќе се соочи до тежок предизвик.

„Среќен сум што се враќам дома и доаѓам со голем ентузијазам. Перуџа е фудбалски град и сметам дека ќе биде идеално место за мене да се развивам како тренер“, изјави Неста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На повидок голема битка за новата англиска сензација, преговори се можни само со 75 милиони евра!

Елиот Андерсон се истакнува како новата ѕвезда на англискиот фудбал. Овој талентиран играч…