Фудбалерите на Марсеј вчера во последното коло од француската Лига 1 славеа против Монпеље со 1:0.
Со натпреварите кои се одиграа вчера беше завршена овогодинешната сезона во француската Лига 1. На крајот титулата повторно ја освои Пари Сен Жермен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен ПСЖ во Лигата на шампионите се пласираа Лил и Лион со тоа што „Лавовите“ ќе играат квалификации за ова натпреварување. Во втора лига ќе се преселат Каен и Гуингамп, додека Дижон ќе игра бараж за опстанок.
Марсеј на „Велодром“ со минимален резултат го совлада Монпеље со 1:0 во натпрвар вез резултатско значење.
Голот на одлука го постигна Таувин во 56-тата минута, а натпреварот беше обележан и со црвениот картон на Марио Балотели кој грубо стартуваше на играчот Конгре. Судијата за овој старт на Балотели со право му кажа директен црвен картон.