Според информациите кои се појавија на фан страната посветена на Еурофарм Пелистер, Шпанецот Даниел Гордо ќе биде наследникот на Жељко Бабиќ на клупата на Еурофарм Пелистер.
Гордо го водеше Мешков Брест, но си замина кога започнаа да пристигнуваат санкциите за руските и белоруските тимови поради инвазијата во Украина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Она што долго време се шушка на ,,Широк Сокак” се очекува наскоро да добие официјализација, а тоа е шпанскиот тренер Даниел Гордо да биде нов тренер на Еурофарм Пелистер. Дали Гордо ќе биде официјално нов тренер на Еурофарм Пелистер или не, останува да видиме во наредните неколку денови. “, стои во објавата.
После заминувањето од Мешков Брест Гордо се пресели во Каиро каде што го водеше Ал Ахли до шестиот пехар во Африканскиот Куп. Работеше уште во Адамар Леон, Нава, репрезентациите на Фарски Острови и Бразил…