Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар е во ново финале, утре црвено-црните може да испишат нова историја во СЕХА лигата!

Вардар е во ново финале, утре црвено-црните може да испишат нова историја во СЕХА лигата!

Tимот на Вардар ќе игра ново финале во СЕХА лигата!

Македонскиот шампион го совлада организаторот на Ф4 турниорот Мешков – Брест со 25:23. Сега Вардар има шанси да стане првиот клуб во историјата на ова натпреварување кој трофејот го освојувал три години во низа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најмногу во оваа важна победа на Вардар се истакнаа голманот Милосаваљев кој забележи 15 интервенции. Стоилов одигра перфкетен натпревар без промашување (7/7), зад Столе следуваше Кристопанс со пет гола.

Вардар од самиот старт ја наметна својата игра и сигурно чекореше кон победата Милосваљев во првите 30 минути запиша осум одбрани додека Вардар на полувреме замина со 14:10.

Безбедното водство Вардар го имаше се до 37-та минута, но тогаш следуваа неколку грешки во нашиот табор и му дозволивме на Мешков во 44-тата минута да изедначи на 17:17. Две минути подоцна црвено-црните имаа и негатива од еден разлика (18:19).

Меѓутоа за наша среќа следуваа минути во кои Вардар се врати во ритам. Карачиќ на осум минтуи пред крајот постигна многу важен гол за 22:21, а набрзо потоа Шишкарев веројатно на празна мрежа го постигна клучниот гол за 23:21.

Во продолжени Вардар искусно ја задржа предноста и не дозволи изненадување.

Во финалето Вардар ќе игра против тимот на Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени коефициентите: Ѓоковиќ не е најголем фаворит за Ролан Гарос

Нajдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Рим и Ролан Гарос, …