Дома Фудбал Останато Некогаш член на Реал, денес ВОЗАЧ на камион…

Некогаш член на Реал, денес ВОЗАЧ на камион…

Еден човек пред 15 години ја доби својата шанса и тоа на интересен начин…

Ретко кој го памети Алмаро Сентења.

Оние кои го следат шпанскиот фудбал сепак ќе се присетат на 2002 кога „потпиша“ за Реал Мадрид. Сентења пристигна на проба од шест месеци, после навистина интересен начин. Младиот Аргентинец победи во фудбалско реално шоу и беше избран помеѓу 2000 деца на светот, наградата беше проба во Реал Мадрид.

Тој имаше прилика да тренира со првиот тим.

„Се изгледаше како сон, бев помеѓу сите тие ѕвезди, почнувајќи од Роналдо, тренер беше Дел Боске, Камбијасо беше мојот сонародник во тимот кој ми посака добродојде“, се сеќава Сентењо.

Сепак, веднаш се повреди и ретко имаше прилика да тренира, не успеа да го убеди тренерот на Реал дека има потенцијал да остане, барем во вториот тим.

„Во тие моменти си реков себе си, ова навистина беше животна шанса, но мораш да продолжиш понатаму“, изјави Сентењо.

Се проба и во Ривер Плата, помина некое време во вториот тим, но конкурент за место во тимот му беше тогаш анонимниот Радамел Фалако, па јасно е зошто не успеал да се наметне.

После тоа стана јасно дека нема да успее да стане професионален фудбалер, работеше како продавач, а подоцна настапуваше за аргентински аматерски тимови.

На крајот заврши како возач на камион.

„Не гледам назад, знаев дека ќе биде тешко, тоа беше проба, иако бев талентиран едноставно не успеав. Но сеедно, сепак на тоа ќе се сеќавам како на едно убаво искуство“, изјави Сентењо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Херојот на Рома од финалето во Конференциската лига ја „украде“ веспата на Мурињо 🎥

Николо Заниоло стана херој на Рома, откако постигна гол во финалето против Феенорд во Конф…