Дома Топ вести Незапамтено лето во Мадрид: Реал нема да донесе ниту едно засиливање

Незапамтено лето во Мадрид: Реал нема да донесе ниту едно засиливање

Постои голема веројатност Реал Мадрид ова лето да не направи ниту еден трансфер, нешто што е незапаметено за „кралскиот“ клуб, пренесува „Марка“.

„Марка“ тврди дека „кралевите“ не се во позиција да инвестираат во нови играчи откако анализата покажала дека тие ќе загубат 150 милиони евра поради празните трибини. Големите загуби ќе го примораат клубот да штеди во сите сфери.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Загубите мора да се амортизираат и поради ова Реал Мадрид ќе купува играчи само ако ги продаде оние кои не се во плановите на Зинедин Зидан.

„Марка“ уште пишува дека на „Бернабеу“ се свесни за тежината на задачата и дека малку се клубовите кои во оваква ситуација можат да си ги дозволат нивните играчи. Најголем проблем се Хамес Родригез и Герет Бејл, кои не се во плановите на Зидан, но нема понуди од дриги клубови.

Главни мети на Реал се Ерлинг Халанд од Дортмунд и Камавинга од Рен, но овие фудбалери се исклучително скапи, па тешко дека „кралевите“ ќе моражат да ги реализираат овие трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …