Дома Фудбал Англија Невил жестоко удри по Манчестер Јунајтед: Го одиграа најлошиот натпревар под водство на Тен Хаг

Невил жестоко удри по Манчестер Јунајтед: Го одиграа најлошиот натпревар под водство на Тен Хаг

Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил не штедеше критики за играта на „црвените ѓаволи“ во дербито против Тотенхем во кое беа поразени со 0:3.

Според Невил вчерашниот натпревар на Манчестер Јунајтед бил најлошиот под водство на Ерик Тен Хаг.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Во овој натпревар имаше и критики кон судиите на натпреварот, но според Невил тие не одиграле клучна улога затоа што и 11 играчи на теренот Јунајтед не бил рамноправен противник.

„По овој натпревар притисокот сигурно ќе се зголеми. Тен Хаг го чекаат лоши денови, ова беше можеби и најлошиот натпревар откако е тој во клубот и тоа нешто з борува. Работите навистина не се добри. Тотенхем во овој дуел беше многу подобар и тоа треба да се признае.

Воопшто не изгледаше дека Јунајтед покажува труд квалитет. Имаше свирежи кон судиите, меѓутоа тие не влијаеа ниту половина во целата слика“, изјави Невил.

Сезоната во Премиер лигата Манчестер Јунајтед ја започна очајно и има три порази во првите шест натпревари, а се наоѓа на 12. позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА го суспендира Самуел Ето

Поранешниот камерунски напаѓач, Самуел Ето е суспендиран на шест месеци од страна на ФИФА.…