Семејството на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер неодамна на аукција започна да ги продава личните работи на седумкратниот шампион со цел да собере пари за неговото лекување и опоравување.
Шумахер пред 11 години при скијање заработи тешка повреда на главата и од тој момент за неговата состојба не се знае премногу.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа сега се открива колкава е сумата која годишно семејството ја троши за покривање на сите потребни трошоци околу негата на Шумахер. Последните информации се дека трошоците пораснале на седум милиони евра годишно.
Поради ова неговата сопруга Корина одлучила да ја продаде вилата, како и замокот во негова сопственост, приватниот авион и колекцијата часовници.
Славниот возач повредата ја заработи пред крајот на 2013 година кога на скијање падна надвор од патеката и дурги со глава во карпа. Покрај тоа што носел заштитна кацига тој се здобил со сериозни повреда. Семејството засега ја држи во тајност неговата состојба и малкумина се оние кои знаат во каква точно состојба е Шумахер.