Дома Фудбал Италија На изјавата на Ањели за Аталанта реагираа и од Торино: Тоа што го кажа е апсурдно!

На изјавата на Ањели за Аталанта реагираа и од Торино: Тоа што го кажа е апсурдно!

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели предизвика бура од реакции со својата изјави на фудбалскиот самит во Лондон.

„Имам голема почит за се што прави Аталанта, но без интернационална историја и благодарение на само една сезона тие добија пристап до најголемото европско клупско натпреварување. Дали тоа е во ред?“, гласеше изјавата на Ањели.

Набрзо стигна и реакцијата од Бергамо.

„Го почитувам Ањели, но навистина не се сложувам со она што го кажа. Покрај елитата на богатите и славните јас преферирам резултати на теренот и заслугите да ги добијат оние кои си го заслужиле местото во Европа со пот и борба. Тоа се нарекува СПОРТ“, гласеше одговорот на Џорџо Гори кој е градоначалник на Бергамо.

Сега на изјавата на првиот човек на Јувентус реагираше и првиот човек на градскиот ривал на „старата дама“ Торино.

„Тоа што го кажа Ањели е апсурдно. Не знам што да кажам…Суперлигата ќе биде причина да се изгубат емоциите кога помалите херојски ги победуваат поголемите. Погледнете што прават сезонава Аталанта, Гетафе, Ајакс минатата…Сетете се на Лестер. Верувам дека публиката е на наша страна. Успехот во спортот мора да биде достапен за сите“, смета Убрано Каиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Мадрид се зборува и за црни сценарија: Подобро целосна елиминација или играње во ЛЕ?

Поразот од Шахтјор за Реал Мадрид донесе проблеми и отвори многу прашања. Во Мадрид се збо…