Денес продолжува новата сезона во Лигата на шампиони во нов формат, а дербито се игра на Етихад помеѓу Манчестер Сити и Интер.
Ова е реприза на финалето од Лига на шампиони од пред две години и дуел на две екипи кои и оваа сезона имаат највисоки дострели.
Сити главен фаворит за титулата
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер Сити одлично ја започна сезоната во Премиер лигата и оваа сезона повторно влегува како главен фаворит во сите натпреварувања. Лигата на шампиони беше опсесија за „граѓаните“ и ја освоија пред две години токму против Интер во финалето. Оваа сезона повторно целта е да стигнат до самото финале, па ќе сакаат добро да ја отворат сезоната во Европа. Домашниот терен секако ќе биде голема предност, а тоа што го радува Гвардиола е фантастичната форма на Халанд, кој веќе има 11 гола од почетокот на сезоната. Познато е дека Сити игра одлично во дерби натпреварите, па како фаворит влегува во овој меч, но нема да биде воопшто лесно бидејќи Италијанците знаат да играат на резултат.
Интер ќе биде задоволен со реми
Интер е актуелен шампион и оваа сезона ја почнува како најголем фаворит за титулата во Италија, но ќе има тешка задача да ја одбрани. Конкуренцијата многу се засили и се чини дека Интер нема лесно да доминира оваа сезона.Го задржа костурот на тимот и донесе две големи засилувања како Тереми и Зелински, Сепак, тешко е да се повтори сезоната која ја имаа „нероаѕурите“ минатата сезона каде беа супериорни. Настапите во Лигата на шампиони исто така се многу важни за овој тим, кој има за цел да стригне до самата завршница. Интер има нерасчистени сметки со Сити поради поразот во финалето, и сигурно нема лесно да се предаде, иако реално и реми би било добар резултат за тимот на Инзаги.
Очекување
Дуел на две екипи со фантастични напади, а тоа е предуслов дека ќе гледаме ефикасен меч со голови на двете страни.