Дома Актуелно На Гризман му пукна филмот: Време е…

На Гризман му пукна филмот: Време е…

Францускиот напаѓач Антоан Гризман е еден од оние играчи кои ги сметаат за виновни за очајната сезона на Барселона.

Гризман ќе биде гостин во емисијата Universo Valdano која ќе биде емитувана од 23 часот на Movistar Plus. На социјалните мрежи е најавена емисијата со кратка видео снимка и според тоа што можеше да се види се најавува возбудливо гостување на францускиот напаѓач.

„Откако пристигнав, од мојата презентација ништо не зборував. Како што реков тој ден, не сакам да зборувам надвор, туку на теренот. Бидејќи сум таков, најдоброто го работам со топката во нозете. Но, време е работите да се постават на свое место, зарем не? Издржав многу работи, коментари и мислам дека е доволно.“ – рече Гризман во најавата на емисијата која сигурно ќе биде доста гледана во Шпанија.

Тој ќе зборува за потенцијалната кавга со Меси, односот со тренерот Куман, причините за слабата форма и слабите резултати на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Брестовац: Шведска беше подобра, очекувам подобра игра против Египет

Репрезентацијата на Македонија вчера беше во целост надиграна од репрезентацијата на Шведс…