Дома Фудбал Најтажната фудбалска приказна: Беше најавуван како наследник на Меси, сега не може да ја оживее кариерата

Најтажната фудбалска приказна: Беше најавуван како наследник на Меси, сега не може да ја оживее кариерата

Ансу Фати своевремено беше најавуван за наследник на Лионел Меси во Барселона, но веќе сега на само 22 години доживеа нов удар, откако пред неколку дена повторно се повреди.

Одамна е јасно дека повредите ја уништуваат, или веќе ја уништија кариерата на фудбалерот кој беше Ламин Јамал, пред Ламин Јамал.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Тој дебитираше за Барселона на само 16 години, стана најмладиот стрелец во историјата на Лигата на шампионите (17 години, 40 дена) со голот против Интер на „Џузепе Меаци“.

Неговите проблеми со повредите започнаа уште во 2020 година и оттогаш тој никогаш не бил ист.

Исто така замина на позајмица во Брајтон, но не го најде патот ниту во Англија, па ниту десетката во Барселона не му помогна да ја врати самодовербата оваа сезона.

Фати сега заработи уште една повреда на тетивата која ќе го остави надвор од терените еден месец.

Фати ја повреди десната тетива за време на тренингот и ќе биде надвор од терените најмалку четири недели“, соопшти Барселона.

Тој ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Брест на 26 ноември, како и првенствените натпревари против Селта, Лас Палмас, Мајорка и Бетис.

Фати е обврзан со договор со Барселона до 2027 година, но многумина веруваат дека оваа сезона веќе ќе му биде последна во Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри го нарекол Бонучи будала: Стоперот збеснал – малку недостасувало да се степаат!

Леонардо Бонуќи (37) е еден од најдобрите италијански стопери на сите времиња. Кариерата ј…