Дома Трансфер зона Најголемите шпански медиуми се едногласни: Ова се деталите од трансферот на Суарез!

Најголемите шпански медиуми се едногласни: Ова се деталите од трансферот на Суарез!

Луис Суарез, третиот најдобар стрелец во историјата на Барселона после шест години, 198 голови и 109 асистенции изгледа ќе се пресели во Атлетико Мадрид.

Сите најголеми шпански медиуми се едногласни – Суарез преминува во Атлетико.

Атлетико на Суарез му нуди многу помала плата од Барселона, но Уругваецот е свесен дека за четири месеци ќе наполни 34 години па не прави проблем. „Марка“ ги открива и деталите од трансферот.

Според овој медиум Суарез ќе потпише договор со Атлетико на две години со годишна плата од девет милиони евра. Тоа секако не е мала сума, но е многу помалку од сегашните 23 милиони евра кои ги добива од Барселона.

Суарез сака да игра, а колку ќе има простор во Барселона за тоа не е сигурно затоа што Роналд Куман има други идеи. Од друга страна во Атлетико веројатно ќе биде главен играч околу кој ќе се вртат сите работи во нападот.

Се уште не е потврдено, но кога најголемите медиуми во една земја ќе бидат едногласни тогаш значи дека се е скоро готово. Така е во овој случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Конте го загуби трпението, Брозовиќ се сели во Англија

Италијанските медиуми тврдат дека Марсело Брозовиќ наскоро може да го напушти Интер и кари…