Дома Фудбал Италија Најавуваа дека ќе си замине, а Влаховиќ порача: Ако мислат дека сме паднале, ќе се вратиме посилни!

Најавуваа дека ќе си замине, а Влаховиќ порача: Ако мислат дека сме паднале, ќе се вратиме посилни!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Јувентус вчера беше ригорозно казнет од италијанските судови со одземени 15 бодови и сега клубот од Торино се наоѓа на 10-тата позиција со 22 бодови.

Во медиумите веднаш се појавија шпекулации дека по ваквата казна може да има заминувања од Торино, посебно затоа што дел од медиумите тврдат дека може да стигне и казна од УЕФА.

Помеѓу тие фудбалери беше и српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.

Српскиот голгетер сепак, порачува дека е време Јувентус да засука ракави и да види што може да се направи,

„Загубивме неколку бодови, не се плашиме. Сега треба да ги засукаме ракавите и да видиме што може да се направи. Не се плашиме од никого. Противниците можеби мислат дека сме паднале, но ние ќе се вратиме посилни“, изјави Влаховиќ.

Ваквата изјава на Влаховиќ може да се смета и како еден вид демант на најавите за негово заминување.

ЗОШТО САМО ЈУВЕНТУС Е КАЗНЕТ, А ДРУГИТЕ НЕ?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн го предупреди Ноер: Тоа што го направи не му доликува!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Мануел Ноер си напра…