Дома Фудбал Останато НАЈАВА и анализа: Наполи – Лајпциг!

НАЈАВА и анализа: Наполи – Лајпциг!

По разочарувачкиот настап во Лигата на шампионите, овие две екипи ќе се обидат да се извадат со добар настап во Лигата на Европа. Сепак и двата тима се одлични во домашните шампионати. Лајпциг е втор, а Наполи е лидер во Серија А и барем во домашните шампионати немаат проблеми сезонава.

Наполи е еден од фаворитите за трофејот

Наполи има неверојатна сезона, но само кога во прашање е Серија А. Оваа екипа во Италија е лидер на табелата и досега забележа 20 победи, 3 ремија и само еден пораз. Нападот е перфектен и постигна 54 гола, а моменталната форма е неверојатна. Имаат 8 лигашки победи во серија на кои постигнаа 19 гола, а примија само 5 гола. Ова доволно говори за формата на тимот и тоа е доволен знак за Наполи да биде фаворит на овој меч. Сепак, кога во прашање е Европа, оваа сезона Наполи е слаб. Во групната фаза на Лигата на Шампиони, Наполи заврши единствено пред Феенорд, а зад Манчестер Сити и Шајхтор. Навивачите беа разочарани, но Маурисио Сари некако се извади со одличните настапи во Серија А. Сега ќе се обиде да стигне што подалеку во Лигата на Европа, а според формата, квалитетот и потенцијалот, Наполи е еден од фаворитите за трофејот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Наполи е фаворит и според букмејкерите и коефициентот за нивна победа е 2.10 во 10Bet.

Неискуството е голем проблем во Лајпциг

Ралф Хасенхутл, тренерот на Лајпциг кој заврши на третото место зад Порто и Бешикташ, а единствено пред Монако сака да стигне што подалеку во Лигата на Европа. Ова е историска прва евро сезона за овој тим и во Лигата на Шампиони се виде нивното неискуство во играње во групна фаза. Очигледно дека неискуството ќе биде проблем и во Лигата на Европа, но најавите од тимот се дека ќе се обидат што подолго да останат во Европа. Од друга страна Лајпциг во Бундеслигата е втор. Има солидна сезона иако во неколку наврати имаше големи падови во формата.

Лајпциг за овој дуел ќе биде посилен за Диего Деме и Марсел Сабицзер, кои ја пропуштија победата од 2:0 против во саботата против Аугсбург преку. Голем проблем за Хесенхутл е тоа што плејмејкерот Емил Форсберг останува надвор од стројот поради повреда на мускул.

Целосната анализа прочитајте ја на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…