Дома Македонски спорт Мак баскет Наумоски претседател и во наредните две години: Се покажа дека желбата за смена е на личности, а не на клубовите

Наумоски претседател и во наредните две години: Се покажа дека желбата за смена е на личности, а не на клубовите

naumoski

Денес беше одржано вонредното собрани на МКФ.

Се гласеше тајно, а на крајот како победник излезе досегашниот претседател на сојузот Петар Наумоски со резултат 16:14 кој го победи Владо Илиевски.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По гласењето сосема очекувано Наумоски беше среќен и задоволен, па истакна дека ова било само доказ дека клубовите не сакале негова смена туку било само желба на индивидуи.

„Пред 12 месеци имаше гласење и во тој период не се промени многу за да се бараат промени. Репрезентацијата запиша две победи и немаше никакви проблеми во лигата. На крајот се покажа дека желбата за моја смена беше на одредени личности, а не на клубовите“.

Покрај тоа Наумоски успеа да вметне и точка која беше усвоена и во наредните две години никој не ќе може да бара негова смена.

„Оваа точка беше воведена поради случувањата во последните две години. И се заблагодарувам на Владата за поддршката“, заврши Наумоски.

Ова правило ќе важи и за идните претседатели на МКФ. Наумоски на местото претседател на МКФ седна во 2015 година кога го замени Даниел Димевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…