Дома Трансфер зона Наполи најде замена за Кулибали

Наполи најде замена за Кулибали

Дефанзивецот на Олимпик Марсеј, Дује Чалета-Цар е на радарот на Наполи и ќе се обиде да го донесе во своите редови ова лето.

Според „Кориере Дело Спорт“, италијанскиот клуб размислува за 23-годишниот Хрват како замена за Калида Кулибали, кој најверојатно ќе го напушти тимот.

Оваа сезона, Чалета Цар настапи на 26 натпревари на сите турнири, постигна еден гол и се етаблираше во еден од најдобрите стопери во француското првенство.

Кулибали наводно го известил раководството на Наполи дека сака да ја промени средината и има богата понуда од ПСЖ, па се очекува Наполи да заработи околу 80 милиони евра од неговата продажба.

Целта на раководството е да донесе двајца врвни дефанзивци, а прв на листата желби е Чалета – Цар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мурињо ја купува големата желба на Солскјер

Тотенхем во следните денови планира да испрати понуда за напаѓачот на Борнмут, Џошуа Кинг.…