Дома Фудбал Италија Наполи во проблеми – По Гулам, под знак прашалник и најдобриот стрелец!

Наполи во проблеми – По Гулам, под знак прашалник и најдобриот стрелец!

Tренерот на Наполи, Маурицио Сари се најде во проблеми пред утрешното гостување против Киево во рамките од италијанската Серија А.

Еден од фудбалерите кои ја сочинуваат напаѓачката тројка и прв стрелец на тимот Дрис Мертенс има проблеми со ситна повреда поради која тренира со послаб интезитет.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Италијанските медиуми пренесуваат дека тој ќе патува за Верона со тимот, но како што стојат работите натпреварот би го започнал од клупата за резерви. Сари нема да ризикува и Мертенс ќе биде стартер само доколку биде 100% спремен.

Доколку Мертенс остане на клупата него ќе го замени полскиот фудбалер, Пиотр Зиелнски кој во досегашниот дел од сезоната беше стартер на четири натпревари, а повеќе прилика за игра добиваше од клупата за резерви.

Да потсетиме, Наполи е лидер во Серија А со 31 освоен бод после 11 кола, додека екипатан а Киево се наоѓа на 11 позиција со 15 освоени бодови. Натпреварот помеѓу Киево и Наполи се игра утре со почеток од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дали на најладниот натпревр во историјата на Лигата на шампионите го видовме и најголемото промашување? (Видео)

Ајуб Ел Кааби (32), напаѓач на Олимпијакос и репрезентативец на Мароко, е извонреден голге…