Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман рече дека неговиот план за идното Светско првенство во 2026 година е да креира стартен тим со пет или шест најдобри резерви, кои би можеле да играат за националниот тим на турнирот.
Нагелсман верува дека ќе слават на Мундијалот кој за две години ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
„Сакаме да бидеме светски шампиони. Не сакаме, ќе бидеме светски шампиони. Тоа е голема разлика. Ќе дадеме се од себе и сигурен сум дека можеме тоа да го постигнеме. Нема да се менуваме премногу бидејќи групата е многу, многу хармонична. Немам никаква придобивка да играм со тим кој ќе ја освои Лигата на нации и потоа сите да имаат 35 или 36 години во 2026 година, а на Светското првенство да игра сосема друга репрезентација. Јасно им ставивме до знаење на играчите дека мора да ја искористиме секоја минута, тоа е многу важен дел од планот“, изјави Нагелсман.