Дома Фудбал Нагелсман бесен по шокантниот пораз на Германија: Можеби треба да викам послаби фудбалери

Нагелсман бесен по шокантниот пораз на Германија: Можеби треба да викам послаби фудбалери

Фудбалската репрезентација на Германија доживеа пораз од Словачка во Братислава со резултат 2:0 во првиот натпревар од Групата А за квалификациите на Светското првенство 2026 година.

Словачка обезбеди водство преку голот на Давид Ханчко во 42. минута, а потоа во 55. минута истиот играч му асистираше на Давид Стрелец за вториот погодок.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Панцерите” на изненадувачки начин ги започнаа квалификациите за Светското првенство, а својот гнев поради слабата игра на некои играчи не го сокри ни селекторот Јулијан Нагелсман, кој е отворено критичен за учинокот на својот тим во Братислава.

“Овие се нашите најдобри играчи во Германија, освен двајца-тројца кои се повредени. Можеби следниот пат ќе треба да ги повикам оние со помали квалитети, но кои ќе се борат со сиот дух на теренот,” нагласи младиот стратег на кормилото на “елфот”.

Германската репрезентација ќе има шанса да го подобри впечатокот на 7 септември во Келн, кога од 20:45 часот ќе ја угости селекцијата на Северна Ирска.

☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷☷

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Претседателот на Реал веќе започна акција – ѕвезда на Ливерпул пристигнува во Мадрид

Флорентино Перез подготвува големи промени во играчкиот кадар на Реал Мадрид ова лето по у…