Дома Македонски спорт Навивачи на Барселона побараа статуа за Димитриевски пред „Камп Ноу“

Навивачи на Барселона побараа статуа за Димитриевски пред „Камп Ноу“

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски вчера одбрани пенал против Барселона и така помогна на својот Рајо Ваљекано да дојде до победа од 1:0.

Но, после натпреварот Димитриевски стана херој и на Каталонците кои притискаа да си замине Куман. Раководството на Барселона упорно и покрај лошите резултати не го отпушаше Куман, така беше се до вчера по мечот со Рајо.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Поразот од Рајо ја прели чашата и кај Лапорта, па затоа Куман повеќе не е тренер на Барселона, а Столе Димитриевски се претвори во еден најглавните „виновници“ за неговиот отказ.

„Статуа за Димитриевски пред „Камп Ноу““, порача еден фан на Барселона во објавата за отказот на Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…