Дома Фудбал Германија Навивачите на Шалке пиво и храна плаќаат со чип на дресот!

Навивачите на Шалке пиво и храна плаќаат со чип на дресот!

0

Во новите дресови наменети за љубителите на фудбалскиот клуб Шалке ќе има вграден електронски чип кој ќе им овозможува плаќање во една онлајн самопослуга – нов спонзор на клубот.

Бундеслигашниот клуб соопшти дека чипот кој е вграден во ракавот од дресот со знакот на продавницата „AllyouneedFresh“ ќе им овозможува на стадионот да плаќаат пиво и колбаси.

На дресовите од играчите ќе ги нема тие чипови бидејќи тие „ретко одат на штандовите со пово и колбаси на полувремето“, истакнаа од клубот.

Спонзорскиот договор на Шалке и таа онлајн продавница е потпишан на четири години, а магазинот „Кикер“ објави дека вредноста на договорот е 20 милиони евра.

Шефот на маркетинг на Шалке, Алекдандер Џобст изјави дека од клубот се горди што први во светот можат да престават дрес кој има чип за плаќање.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Германија

Проверете

Јунајтед изгуби, Ибра го запиша своето име во историјата – Ова не му успеало на никој!

Шведскиот интернационалец во последните 15 минути од натпреварот во Лигата на шампионите п…