Во Јужна Америка веќе со денови се зборува за финалето во Копа Либертадорес, кое на програмата е во сабота, а за трофејот ќе се борат Ривер Плата и Фламенго.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Финалето ќе се игра во Лима (Перу), двата тима пристигнаа вчера со директни летови, а фановите кои немаа авионски карти тргнаа со автомобили и автобуси.
Фановите на најпопуларниот бразилски клуб Фламенго тргнаа на пат долг 4.000 километри за да го бодрат својот тим, кој ќе трае околу 60 часа.
Меѓутоа, имаа голема непријатност откако мораа да поминат низ Чиле каде веќе еден месец има граѓанска војна. Навивачите на Фламенго денес наидоа на барикади и пламен, а тоа може да им се случи и на навивачите на Ривер, кои исто така мораат да поминат преку Чиле.