Дома Фудбал Лига на шампиони Навивачите на Милан протестираат поради високите цени на влезниците за Лигата на шампионите

Навивачите на Милан протестираат поради високите цени на влезниците за Лигата на шампионите

Mилан после долги години се врати во Лигата на шампионите и во групната фаза „росонерите“ ги очекуваат тешки натпревари.

„Росонерите“ на ждребот беа во четвртиот шешир, па добија група во која ќе играат со Ливерпул, Атлетико и Порто.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Клубот одлучи да стави високи цени за овие натпревари кои ќе се играат на „Сан Сиро“, цените се дури двојно поголеми во однос на градскиот ривал Интер. Интер својата сезона во ЛШ ја отвара на 15. септември, а влезниците за навивачите се по цена од 48 евра. Милан првиот домашен натпревар го игра против Атлетико на 28. септември и цената на билетите е дури 119 евра.

Навивачите секако се незадоволни, иако сигурно се очекува да го наполнат „Сан Сиро“ затоа што клубот после долги години се враќа во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи го официјализира трансферот на Милинковиќ-Савиќ

Голманот Вања Милинковиќ-Савиќ се пресели од Торино во Наполи на заем, соопштија од клупск…