Дома Фудбал Италија Навивачите на Милан му забраниле да брани против Јувентус, Донарума си заминал во солзи

Навивачите на Милан му забраниле да брани против Јувентус, Донарума си заминал во солзи

Навивачите на Милан вчера пред натпреварот против Беневенто имаа „состанок“ со Џналуиџи Донарума, кој ги налути фановите поради потегот по поразот од Лацио со 0-3.

Тоа што ги налути навивачите е неговата нерешителност околу продолжување на договорот, а и тоа што наводно се согласил да се пресели во Јувентус.

Ситуацијата е напната, па група навивачи на Милан буквално го извлекле Донарума од автобусот, па му одржале лекција. Поставен му бил ултиматум до сабота и дербито во Торино против Јувентус, кога ќе мора да објави за кој клуб ќе игра следната сезона.

Навивачите барале од него да не брани протв Јувентус, ако веќе прифатил да се пресели во редовите на шампионот за минатата сезона.

Ова е тежок период за талентираниот голман, кој ја почна кариерата на „Сан Сиро“, а посебно дополнителен притисок ќе биде ова за него пред дербито во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона ќе му врачи отказ на Куман

Каталонските медиуми пренесуваат дека на крајот на сезоната Барселона најверојатно ќе му в…