Дома Фудбал Останато Навивачите на Динамо се мобилизираат: Сакаат да го испратат Адеми во Кина како што заслужува!

Навивачите на Динамо се мобилизираат: Сакаат да го испратат Адеми во Кина како што заслужува!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по 13 години ќе ги промени клупските бои и ќе го напушти тимот на Динамо Загреб.

Веќе е познато дека нов предизвик за Адеми во кариерата ќе биде кинескиот Пекинг Гуан. Член на „модрите“, Адеми ќе биде до 20-ти март, а последниот натпревар за „модрите“ ќе го одигра ден претходно против тимот на Ријека.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Адеми низ годините стана вистински миленик на жестоките „Бед Блу Бојс“, па така тие веќе се мобилизираат да се збогуваат со македонскиот репрезентативец онака како што заслужува.

„Овој натпревар, меѓу другото, е важен и од причина што на него од дресот на Динамо се збогува човек кој е еден од најголемите играчи во историјата на нашиот клуб. За оваа прилика сакаме пред се трибините да ни бидат исполнети до последно место и на вистински начин да се простиме од нашиот капитен кој остави голем белег на една генерација играчи, но и на навивачите на Динамо.

Исто така, Северот за овој меч подготвува изненадување кое дополнително ќе го зголеми збогувањето на Аријан Адеми со омилениот дрес и затоа е важно сите играчи на Динамо да бидат дел од спектаклот што таков капитен на Динамо го заслужува!“, стои во една објавите на фан страните на Фејсбук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…