Дома Фудбал Навивачите на Барселона го запреа Куман пред стадионот и го прашаа дали ќе си замине

Навивачите на Барселона го запреа Куман пред стадионот и го прашаа дали ќе си замине

Шпанските медиуми после вчерашното реми на Барселона на големо пишуваат дека Роналд Куман ќе си замине од Барселона.

Навивачите на каталонскиот тим вчера уште еднаш разочарани го напуштија стадионот поради лошата игра на својата екипа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


После натпреварот мета на големи критики беше Куман, а веќе од утрово се пишува дека може да добие отказ во наредните денови.

Утрово навивачи го запреа со неговиот автомобил пред стадионот. Во истиот момент навивачите го прашаа Куман дали ќе ја напушти Барселона.

„Не сакам повеќе никогаш да одговорам на такво прашање“, искоментира Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…