Репрезентацијата на Холандија вчера во фантастичен натпревар ја совлада Германија на гости со 2:4 во петтото коло од квалификациите за Европското првенство.
Германците водеа после првото полувреме со 1:0, но Холандија во продолжение преку Де Јонг изедначи, а потоа со автоголот на Таха стигна до водство.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Домашниот тим успеа да изедначи на 2:2, но избраниците на Роналд Куман постигнаа уште два гола и стигнаа до важна победа.
Одличен натпревар одигра играчот на Барселона, Френки Де Јонг кој покрај голот и во останатите сегменети беше одличен и покажа за каков фудбалер се работи.
Сепак, голем број навивачи на каталонскиот тим после вчерашниот натпревар беа лути на Валверде бидејќи сметаат дека тренерот на Барселона не знае да го извлече најдоброто од младиот холандски играч.
Тие му замерија на Валверде шт во последните три натпревари го става Де Јонг на три различни позиции и сметаат дека неговиот вчерашен настап е последица на тоа што Куман знае да го извлече најдоброто од него.
? | Frenkie de Jong vs. Germany
— Frenkie Chief ?? (@FrenkieStats) September 6, 2019
Minutes: 95’
Goals: 1
Touches: 81
Accurate passes: 66/71 (93%)
Dribbles: 2/3
Long balls: 7/8
Ground duels: 3/7
Interceptions: 2
That incredible performance was for every hater who doubted this man. Never doubt FDJ! pic.twitter.com/caLqTnv40y