Дома Фудбал Германија Навивачите на Баерн бесни поради новиот дрес: Ја загрозувате клупската историја!

Навивачите на Баерн бесни поради новиот дрес: Ја загрозувате клупската историја!

Минатиот викенд фудбалерите на Баерн го совладаа Волфсбург со резултат 2:0, а навивачите на минхенскиот гигант беа револтирани од изгледот на новиот дрес за следната сезона, кој беше претставен на тој натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Адидас“ на почетокот на овој месец го објави изгледот на новиот дрес на Баерн за следната сезона, а тој воопшто не им се допадна на навивачите.

Фудбалерите на Баерн играа со новите дресови против Волфсбург и веројатно во клубот не очекуваа дека овој дрес толку ќе ги разочара навивачите.

Имено, за прв пат во историјата на Баерн нема бела боја на новите дресови. Тоа ги налути навивачите на Баерн кои сметаат дека луѓе од управата на клубот на тој начин ја загрозиле клупската историја.

„Клупските бои се црвено-бели“ и „Клупските бои се недопирливи“, се паролите што беа закачени на јужната трибина на „Алијанц арената“.

Дури и коментарите на навивачите за изгледот на дресовите се негативни, пред се затоа што дресот повеќе изгледа како да му припаѓа на Баер Леверкузен отколку на Баерн

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Судијата молчеше, ВАР не се огласи: На Хаити бесни поради спорна ситуација на крајот од натпреварот (Видео)

Во вториот натпревар од првото коло на групата Ц на Светското првенство, Шкотска го победи…