Mикел Мерино летово пристигна во Арсенал од Реал Сосиедад во трансфер вреден 31,6 милиони фунти, а „Топџиите“ на тимот од Шпанија ќе му платат и дополнителни бонуси.
Пред да може да дебитира за Арсенал, Мерино заработи повреда на тренингот откако Габриел падна врз него и го повреди рамото. Повеќе од еден месец откако потпиша за Арсенал, Мерино конечно ги одигра своите први минути за тимот на „Емирати“ во победата од 2-0 против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мерино во игра влезе во 64. минута од натпреварот наместо Томас Парти. Навивачите на Арсенал не беа импресионирани по неговиот прв настап за клубот, па преку социјалните мрежи испраќаа и критики.
„Искрено, Мерино изгледа како најслабата алка во нашиот среден ред“. „Томас Парти излезе од играта, а Мерино и Рајс успеаа целосно да ја изгубат контролата врз играта“…се само дел од коментарите кои во најголем дел се критики за шпанскиот репрезентативец кој летово го освои Европското првенство.
Сепак, имаше и такви кои застанаа во одбрана на Мерино тврдејќи дека човекот се враќа од повреди и ги игра првите минути во новиот клуб.
Како и да е останува наредниот период да покаже дали Мерино ќе биде вистинско засилување во тимот на Микел Артета. Во периодот за Реал Сосиедад Шпанецот собра 242 настапи.