Дома Фудбал Англија Навивачите го чекаат отказот на Тен Хаг: Двајца тренери се фаворити да го наследат

Навивачите го чекаат отказот на Тен Хаг: Двајца тренери се фаворити да го наследат

Никако да дојде до подобрување на формата на Манчестер Јунајтед, тимот ниту оваа сезона не еконкурентен за врвот во Премиер лигата, а вчера не победи и во Лигата на Европа одигрувајќи 1:1 против Твенте.

Поради тоа изгледа како тренерот Ерик Тен Хаг да ги троши последните кредити во Јунајтед. Утрово медиумите на Островот на големо пишуваат за негова потенцијалназамена.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според последните информации како опција за раководството се двајца стратези. Станува збор за Еди Хау од Њукасл и Симоне Инзаги од Интер.

Кога е Хау во прашање тој би можел да биде полесна мета поради наводниот конфликт кој го има со спортскиот директор на Њукасл, Пол Мичел, сепак таквите информации не се потврди.

Инзаги од друга страна има цврста позиција во Интер и актуелниот шампион на Италија тешко би си дозволил да остане без него. Како и да е ако нешто драстично не се промени, многу веројатно дека Тен Хаг ги минува последните денови како тренер на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…